И зел 135.000 денари лажејќи ја дека ќе и го спаси синот од затвор

Со измама и биле одземени на скопјанка многу пари. Имено, 68-годишна жена добила телефонски повик во кој и било посочено:

-Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи во затвор. Оваа реченица вчера измамената жена ја раскажала во полициска станица.

Од МВР објаснуваат дека на жената и се јавило непознато лице кое и кажало дека наводно нејзиниот син направил сообраќајка, при што згазил дете кое починало. Потоа јавувачот и побарал 50.000 евра за наводно да „среди“ да не биде казнет нејзиниот син, а во спротивно тој би бил казнет со затвор до десет години.

Испаничената Жената му кажала дека немала толку пари по што тој ја прашал колку можела да најде. По кратко време, таа му дала 135.500 денари на таксист кој го испратило лицето со кое зборувала. Дури подоцна оштетената исконтактирала со нејзиниот син и сфатила дека била измамена за сума од 135.500 денари.

Инаку, жртва на исти тип на измама пред три дена беше и жена во Свети Николе. И беа изнудени 2.000 евра, со лага дека нејзината внука предизвикала сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете.