Идната недела ќе ни пристигнела донација од 500.00 маски и 20.000 тестови

Наскоро ќе има доволно маски. Имено, во текот на следната недела како донација треба да пристигнат 500 илјади маски и 20. 000 тестови за тестирање на корона вирусот, најави на пред малку Венко Филипче, министер за здравство.

-Со овие количини потребите значително ќе бидат задоволени, посебно на здравствените медицински установи. Секоја установа која побара сме дале зашитна опрема, рече министерот.

Министерот најави и дека од почетокот на следната недела ќе почне да се врши тестирање преку мобилни тимови.

-По пробниот период ќе се тестираат широки групи на граѓани. Куманово ќе биде еден од градовите во кој ќе има зголемен број на тестирањата по мобилен пат, рече тој.