Иџе успеа, стана трикратен европски шампион на ридски патеки

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе денеска оствари историски успех станувајќи трикратен европски шампион. Тој денеска на трките во хрватскиот град Бузет ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки, по освоените титули во 2014-та и 2015-та година.

Тој во Бузет, којшто се наоѓа во областа Истра, ја завери третата шампионска титула, која и претходно беше очекувана бидејќи имаше бодовна предност од 204 бодови во однос на 176 бодови на Французинот Николас Вервер.

Веста за успехот тој ја сподели и на социјалните мрежи.

-Трократен Европски Шампион🏆🏆🏆за мојата Македонија 🇲🇰,за мојот народ❤️2014/2015/2023. Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача популарниот Иџе.

Стефановски имаше одлична сезона во европскиот шампионат на ридски патеки и денеска во Бузет дојде до седмата победа од вкупно десет трки колку што се возеа, на три беше втор.

Инаку, за оваа трка во Хрватска, тимот на Игор Стефановски организираше и автобус за фановите. Така, околу 50 Македонци минаа преку 1.000 километри за да му дадат поддршка на автомобилистот на патот кон нов трофеј.

Претходна вестМОН: Ниту еден студентски дом индивидуално не може да ја промени цената за сместување
Следна вестСончево со умерена облачност