Игор кој боледува од цистична фиброза: Јас не го добив лекот иако е тука, на клиниките

Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза, реагира од болничкиот кревет дека сè уште не го добил лекот „трикафта“. Тој бара лекот колку може побрзо да биде достапен бидејќи болеста брзо напредува.

– Сè додека не го објавив транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста цистична фиброза, ни медиумите, ни македонската јавност, а камо ли за лекот ’трикафта’. А сега кога лекот е тука и на клиниките, јас лекот не го добив. Ги прашувам надлежните дали ние останатите ќе го добиеме лекот навреме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна, вели Пехчевски.

Лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија.

Од осумтемина пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години, и едно е дете. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ најави дека ќе направат напор многу бргу да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.

Претходна вестВојната во Украина покрај жртви носи и отровна храна
Следна вестЈокиќ урна рекорд стар 55 години