Игор Стефановски – Иџе денеска во Бузет во решавачки трки за трета европска титула

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе денеска попладне во хрватскиот град Бузет ќе настапи во решавачка последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки.

-Ова е последната трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. За мене е историска шанса за освојување на европската титула. Мојата цел е освојување на тронот. Најголем ривал ми е Николас Вивер од Франција, кој вози одлично и со поддршка од тимот на Себастијан Лоеб, истакна Стефановски.

Во пресрет на трката во Бузет, Иџе има 204 бода, наспроти 176 кои ги има Французинот. Доколку ги оправда очекувањата, Стефановски треба да ја одбрани предноста од 28 бода.

За трката под името „Бузетски дани“, тимот на Игор Стефановски организира и автобус за фановите. Така, околу 50 Македонци минаа преку 1.000 километри за да му дадат поддршка на автомобилистот на патот кон нов трофеј.

За денеска е предвидено одржување на две трки. Првата стартува во 9 часот, а втората во 13.30 часот и по што ќе се знаат победниците.

Иџе беше шампион во оваа конкуренција во 2014 и 2015 година.

Претходна вестИлјадници Чеси протестираа против Владата, ЕУ и НАТО…
Следна вестВо Шуто Оризари 16-годишник силувал 14-годишно девојче