Си играат со игротеките: па тие не ја дочекаа Владата и сами напишаа проткол за работа

Чекајќи Владата да им напише, игротеките сами си направија протокол за отворање и работа. Ама сега пак ја чекаат Владата да им го одобри. До кога нема одговор.

-Изминативе денови на Комисијата и ги предадовме и предлог протоколите кои сами ги изработивме, следејќи и прифаќајќи ги позитивните примери на земјите од соседството, кои сме подготвени да ги почитуваме во целина. Сите предлози и дополнувања од Комисијата за заразни болести се добредојдени, рече Трајко Николовски, претседател на Групацијата на денешната прес-конференција.

Во изјава за „Скопско ехо“ Николовски пред 13 дена рече дека никој ништо не им одговорил конкретно само им пренеле дека нивните барања „ќе бидат проследени до кабинетот на Премиерот и до ресорните министерства„. Последната прес конференција значи дека повеќе од 1 месец никој не им се обратил со најдено решение.

Во меѓувреме, некои игротеки ставија и клуч на врата, а останатите без исклучок ги бројат последните пари. Нема одговор од Владата ни за финансиската помош што ја бараат.

-Во време кога секој од нас е важен, кога се бориме за секое работно место, кога сите сакаме нови инвестиции, нови вработувања, јавно прашуваме, што ќе се случи со нашите инвестиции во кои работат повеќе од илјада луѓе и егзистираат исто толку семејства. Бараме одговор, дали треба да дозволиме овие 1.000 семејства да останат без егзистенција, да останат без работните места кои сами ги створиле и да изгубат се што вложиле, посочи Николовски.

Според него родендени и онака се слават по дома во време на пандемија, без никакви протоколи и контрола. Ние ќе ги почитуваме правилата, а гостите ќе бидат безбедни – порачива тој.

Претходна вестТешко повреден моторџија: Паднал од мотор, па го прегазил камион
Следна вестТимот од „Медена земја“ доби покана за членство од Американската академијата за Оскар