„Икс денс“ во понеделник и вторник во МНТ

Во понеделник и вторник се организира меѓународниот натпревар на класичен балет, современ танц, неокласика, карактерен танц, модерен и спортски танц, „Икс Денс“ 2019. Се случува во Македонскиот народен театар во Скопје. Инаку, натпреварот стартува во понеделник од 12 часот, а ќе учествуваат балетски уметници и танчери од Русија, Англија, Италија, Финска, Израел, Украина, Таџикистан, Босна и Херцеговина и Македонија.
Претседател на реномираното меѓународно жири на „Икс Денс“ е легендата на рускиот балет, Борис Акимов од театарот „Бољшој“ од Москва. На најдобриот учесник ќе му биде доделена наградата Гран При, парична награда од 1.000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.
И љубителите на танцот ќе можат да уживаат во највпечатливите кореографии во вторник во 19 часот. Цена на билетот е 200 денари.