Илјадници луѓе ќе се соберат утре во Нови Сад за да ја одбележат првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица, при што загинаа 16 луѓе.
Реки од луѓе, предводени од студентите кои цела година протестираат, од повеќе српски градови неколку дена пешки маршираат кон Нови Сад за да стигнат на собирот. Демонстрантите бараат одговорност од власта и распишување предвремени избори.
За вечерва е предвидено обраќање на претседателот Александар Вучиќ кон нацијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



