Илон Маск е со намера да каже како се вршела цензура на Твитер

Најбогатиот човек на светот во свој пост вели дека ќе објави на кој начин Твитер вршел цензура на слободата на говорот пред неговото доаѓање во компанијата. Во свој пост на платформата тој напиша:

– Фајловите на Твитер во врска со сузбивањето на слободата на говорот наскоро ќе бидат објавени на самиот Твитер. Јавноста заслужува да знае што навистина се случило.

Во неговата војна против спам-ботовите и дезинформациите, Илон Маск ги спомнува и Гугл и Епл кои, според него исто така вршат цензура. Тој го обвини Епл дека ја „мрази слободата на говорот во Америка“ и дека презема различни непријателски потези против Твитер, вклучително и тоа што престанале да се рекламираат на Твитер.

Според Маск, Епл наплаќаат такса од 30 отсто за сѐ што купувате преку нивниот АппСтор, продавницата за апликации. За таксата која ја спомна Маск, Епл претходно се судеше со Епик Гејмс и изгуби.

Претходна вестРоналдо се буни: Јас го дадов голот против Уругвај!
Следна вестКСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини