Им требаат ли на пратениците скапи Мерцедеси?

Maкедонското собрание се потешко функционира како што треба. Те пратениците се недоволно активни, те претседателот е преактивен па дури и агресивен, те…

Сепак, сега ќе му тргнело на подобро на парламентот, од денеска ќе биде првото практично тестирање на новата конференциска опрема платена 520.000 евра. Тоа фалело. Деталите за опремата и нејзнините можности беа кажани уште вчера: овозможува работа без хартија, целосно компјутеризиран и дигитален принцип на работа, управување со редослед на говорници, извештај за гласање по секоја точка, видео-архива…

Арно ама сето тоа треба да го кликаат пратениците. Ќе треба да се во салата, да се заинтересирани. А секако, важно е и да кликаат во интерес на Македонија. Го можат ли тие тоа?

За опремата не слушнавме дали е платена со штедење, со намалување на патните трошоци на пратениците кои изнесуваат десетици и десетици илајди евра. Не слушнавме и дали таа може да ги попречува пратеничките кавги, надмудрувања, па и инциденти.

Бадијала сега се инсталира скапата опрема ако не следи и промена на однесувањето на пратениците. Ете, по неодамнешните пцовки и навреди, и синоќа се виде до кои се апсурди може да се дојде во пленарната сала откако претседателот Талат Џафери нареди да се заклучат пратениците!? Може ли новата скапата опрема да ги премавне сите оние процедурални и деловнички недоречености кои постојат во собраниската работа? 

Џабе е на човек да му дадеш нов тип на Мерцедес, ако задачата му е да ора и сее по македонската почва. Таквиот човек само ќе се возака по патиштата и ќе наплаќа патни трошоци од осиромашениот народ. Граѓаните наместо плодови ќе берат само кризи?

Претходна вестНова сообраќајна трагедија: Загина пешак кај општина Ѓорче Петров
Следна вест„Радоста на постоењето” – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер”​