Има ли лек за утринскиот шпиц од Аеродром кон Центар?

Од Аеродром до Центар за четириесет минути со автомобил се одеше утрово. Посебна гужва и колони возила се создадоа на булеварите „Јане Сандански“ и „Трета македонска бригада“ кои беа претесни да ги примат сите возила кои одеа кон центарот на Скопје. Шпицот настана веќе околу 7 часот и 45 минути кога се создадоа колони возила кои почнуваа уште кај „Мајчин дом“. Исто така, долга колона се создаде на булеварот „Трета македонска бригада“ по кој најмногу се движат возилата од правецот на Лисиче.

Двете колони возила се движеа многу бавно а што предзвика доцнење и нервоза кај возачите. „Придонес“ во хаосот веројатно дава и реконструкција на коловозот кај Народна банка на Македонија која бавно се одвива. Сообраќајните гужви потоа продолжија и во централното градски подрачје.

Дали ваквите сообраќајни гужви и натаму ќе бидат секојдневие за скопјани? Време ли е нешто да се преземе за да не се повторуваат скоро секој ден?

Претходна вестДенеска не сообраќаат автобусите на „Слобода превоз“ со број 9, 12, 22, 23 и 45
Следна вестАХВ: Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот