Темно Режим Светло Режим

Има ли пилот во авионот: 9 лица од Тетово и Гостивар кои биле позитивни си заминале од државата

Во периодот од 8 до 11 август полицијата, на подрачјето на Тетово и Гостивар, извршила проверки на лица на кои им било издадено решение за изолација и домашно лекување.

Како што информираат од МВР, притоа било констатирано дека Д. Л. од Косово, со престој во државата, Љ. С. (54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А. Ќ. (37) од Тетово, М. Љ. (49) и А. Х. (20) – двајцата од Мала Речица, Б. Х. (35) од тетовски Лисец и М. З. (54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле на местото за изолација, туку ја напуштиле државата.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претходниот Пост

Административците ќе почекаат да завршат изборите за да добијат 30 отсто плус на плата

Следниот Пост

Вакцинирани гости и невакцинирани редари? Што е со базените, хотелите, игротеките...?