Има потенцијал: 88-годишен Црногорец се запишал на машиниски факултет

Да студира одлучил Црногорецот Бранислав Радуловиќ. Тоа не би било вест да не е фактот дека тој станал бруцош иако има 88 години.

Решителниот Радуловиќ одлучил да се запише на студии на машински факултет, каде што бил добродојден од колегите и професорите.

– Сакам да докажам дека ние старите не сме за фрлање и дека имаме потенцијал кој може да се искористи, изјавил тој.

Радуловиќ има завршено средно образование по геодезија. Сега, колегите му помагаат да го совлада материјалот бидејќи му е необично да се навикне на новата технологија.

Инаку, за овој потфат тој бил мотивиран од неговата внука, која неодамна докторирала во Белград. Меѓутоа, другите членови од неговото семејство не се воодушевени.

 

Претходна вестУбаво: Третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ со признанија од Њујорк по повод Светскиот ден на детето
Следна вестПосебен преглед за станиците за технички преглед