Имало ли виткање кичма во историската комисија или немало?

Што навистина се случува во и околу мешовитата македонско – бугарска комисија за историја? Поточно што се случува во македонскиот тим? Прашањето одамна лебди меѓу јавноста поради затвореноста на комисијата и непознаницата што се дговара сио Бугарија, но сега прашањето е едно од главните теми во Македонија откако оставка си порнесе македонскиот универзитетски професор Ванчо Ѓорѓиев.

Професорот посочи дека во последно време имало отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминирало со директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР.

– Демонстрираните ставови на последната средба од страна на другите членови на македонскиот дел од Комисијата, не само што се во спротивност со Резолуцијата усвоена на 29.07.2021 година од македонското Собрание, со која се утврдуваат црвените линии во преговорите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, туку и со македонските национални интереси, Ги охрабрувам членовите на Комисијата кои повремено споделувале со мене слични ставови и вредности, да не ја „виткаат кичмата“, посочи вчера професорот Ѓорѓиев.

Набргу се огласи Владата. Таа не вршела притисок. Петар Тодоров, како член на Комисијата нагласи дека ниту тој, ниту било кој друг член на Комисијата трпел некаков притисок од Министерството за надворешни работи, од Владата или од некоја политичка партија.

-Одговорно тврдам дека во ниту еден случај никој не дошол, дали станува збор за некој чиновник од МНР или политичар, да дојде да ни каже вака или онака треба да работите, рече Тодоров.

Но, веќе излегуваат во јавноста и информации дека професорот кој си даде оставка добил закани од високиот функционер од МНР за кого беше наведено дека вршел притисоци врз комисијата.

Сето ова станува пресериозно. Има политички притисок или нема во комисијата? Прашањето не смее да се остави неодговорено иако ете се даваат некаквни одговори. Таа Комисија врши задача која е мошне чуствителна и секакво излегување од науката не е воопшто прифатливо. Всушност не е добро што таква комисија беше формирана од политиката, а сега политичарите нетрпеливо чекаа резултати од неа.

Нетранспарентноста на комисијата за нејзиното работење се причина плус што сега голем дел од јавноста со недоумица гледа во тврдењето дека нема политички притисоци врз историчарите од комисијата. Претходното однесување на врвни македонски политичари околу историјата на Македонија исто така укажуваат дека науката не им е јака страна…

Има или не политички притисоци во комисијата не треба да се остави да одговори времето! Одговорите треба да ги даде првиот човек на македонскиот дел од комисијата, воедно тој транспарентно мора да објасни што до сега се договарало и договорило со бугарските колеги. Потоа јасно ќе се види имало ли политички притисоци или немало. Имало ли виткање кичма или немало?

Претходна вестМалолетници се степале за девојка во Чаир
Следна вестСе’ се врти во еден круг на бизнисмени, буџетските пари се трошат недомаќински