Имот ќе си спасиш со поставување табла со новото име

Да ти украдат велосипед, тоа е вообичаена работа во Скопје – за тоа веќе и не се пријавува во полиција. Ова беше коментар на наш читател пред скоро две години. Деновиве истиот ни вели: да слушаш и видиш како се пука низ градов е вообичаена работа – за тоа полицијата и не се многу вознемирува.

Што на ова да се додаде за да изгледа како новинарски коментар? Искуството на сите нас со безбедноста во Скопје доволно зборува, нели?

Единствено можеби треба да се додаде информацијата дека по се изгледа деновиве приоритет за заштита имаа новите табли со новото име на државата.

Па, повелете, кој сака да си го спаси имотот од кражба, нека стави табла со новото име.

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот skopskoeho.mk.