Ин мемориам: Почина актерот Кирил Псалтиров

Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште, почина вчера во Скопје по долго боледување.

Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар. Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, Женидба, Ревизор и многу други, а посебен печат остави со својата улога како Тевје во врвниот мјузикл Свирачот на покрив.

Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешвски.

Соработуваше со повеќе национални телевизии, меѓу кои со Канал 5 и оствари бројни проекти во нивните продукции.

Погребот на Кирил Псалтиров ќе се одржи денес во неговиот роден град Кочани.