Инцидент во српското собрание, опозицијата ја обвинува власта за предавство

Во српското собрание денес се случи инцидент за врема на расправата за француско-германски предлог за Косово и Метохија. Инцидентот настана во попладневниот дел од расправата кога пратениците од опозицијата, пред сè, на Двери и Заветници, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тие прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што тој седел.

Во исто време пратениците на СНС станаа и исто така се упатиа кон масата на претседавачот. Во оваа турканица, која траеше 15-ина минути, во салата влезе и собраниското обезбедување, пренесуваат српските медиуми.

Српскиот претседател Вучиќ, кој седеше во тоа време, ги повика пратениците на СНС да бидат смирени и да ѝ дозволат на опозицијата „да си го покаже своето лице“. Тој рече и дека опозициските парламентарци ѝ нанеле огромна штета на Србија со циркусот што го создале во парламентот.

„Од вас ќе ги браниме Косово и Србија“, им порача тој на оние што скандираа „предавство“ и „оставка“.

Ваквата атмосфера, настана кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, го повика Собранието да го отфрли француско-германскиот предлог за Косово и по неговите обвинувања против владата за која рече дека сака да изврши предавство.

Претходна вестПронашол порше на оглас го платил 120.000 евра, останал и без кола и без пари
Следна вестИ Тито се прашува каде погрешивме…