Нова инфраструктура на Водно: Ама да не остане вечна најава како Законот за планината?

Градоначалникот на Скопје соопшти дека само од зонското паркиралиште на Водно до сега се наплатени околу 90 илјади евра, па најави дека овие пари ќе ги вложеле за подобрување на инфраструктурата на Водно. Заедно со чешкиот амбасадор во Maкедонија го најавија проектот за мапирање на планините во Скопје.

На Водно се поставени 42 патокази и 6 информативни табли, а 12 патокази и 2 информативни табли ќе има на Скопска Црна Гора, рече Шилегов.

Секако е за поздрав најавата, но скопјани како да не веруваат па експресно реагираат на социјалните мрежи, и до „Скопско ехо“ – кога сакаат да ни укажат на конкретни проблеми од секојдневието на Скопје.
-И сега, ние треба да веруваме на „ќе“ планови? Па како ќе знаеме каде се потрошени нашите пари? Ќе ни извадат фактури или?
-Супер што си најавивте, ама да не биде најавата како носењето на Законот за Водно, што го ветивте мнооогу одамна? – пишуваат скопјани.

Во една од последните реакции на иницијативата „Го сакам Водно“ се алармира дека си тече некаква процедура со која ќе се легализира намалувањето на заштитните граници на скопската планина, за да се гради каде што не смеело до сега. По овој аларм ниеден надлежен не даде јасно и прецизно објаснување што се случува. Само најави потоа следеа за некакво пошумување, како и последнава дека инфраструктурно ќе се дотерува.

Инаку, првиот час паркирањето на Водно чини 100 денари, а секој нареден 50.

Претходна вестВардар поразен од Келце
Следна вестНа 23 и 24 ноември: Петтиот по ред Skopje Photo Week