Инспекторатот по еден месец утврди кој не го поцрвене Вардар, а уште бара кој го загади

Извршениот инспекциски надзор по пријавата за загадување на реката Вардар на 15 јули годинава кај два правни субјкети покажал дека кај нив немала појава на обојуивање на отпадните води, соопшти денеска Државниот инспекторат за животна средина –Скопје.

-При вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б. и утврдено e дека во момент на надзорот погонот Лужилница не бил во работен режим, односно производниот процес бил целосно сопрен. Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови. При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим, и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна, се наведува во соопштението.

Во однос на контролата на правниот субјект „Макстил“ се наведува дека е извршен и визуелен увид и во таа пречистителната станица и од истата истекувала безбојна отпадна вода од 100 м3/час.

– Од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, се наведува во соопштението од ДИЖС.

А кој е изворот на загадувањето ДИЖС, ни по месец дена од обојувањето на Вардар со црвена боја, не се посочува. Во соопштението се наведува дека тогаш биле земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа.

Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување, соопштија денеска од ДИЖС.

Излегува дека по цел месец дена е утврдено кој не ја загадил, но прашањето со што и кој ја загадил реката остана неодговорено!? Уште почудо е што за толку време не се завшени анализите на земените узорци…

Претходна вест511 граѓани казнети за неносење маска
Следна вест50 компании сакаат да ја градат пречистителната станица на Вардар вредна 136 милиони евра