Темен режим Режим на светлина

Инспекторите ќе добијат поголеми овластувања за справување со прекршителите на ковид-протоколите

Во Владата одржан е состанок во врска со спроведените инспекциски контроли во текот на изминатиот викенд, како и предлозите за зголемување на надлежностите на инспекторатите.

На состанокот биле разгледани предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се предвидуваат нови поголеми овластувањa на инспекциските служби за справување со прекршителите на ковид-протоколите.

Новите поголеми овластувања е предвидено да важат за сите инспекциски служби на национално и на локално ниво.

Предлог-измените ќе бидат доставени на утрешната владина седница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

19-годишник доби кривична пријава за убиство во обид

Следна објава

Ограбена спортска обложувалница во Скопје