Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ објавува конкурс за најдобар есеј

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува конкурс за најдобар есеј за три категории – ученици од основни, ученици од средните училишта и студенти. Темата за учениците од основните и средните училишта е „Јазикот наш денешен“.

За студентите темата е „Што направивме и што треба да направиме за македонскиот јазик“.

Конкурсот трае до 10 април годинава, а резултатите ќе бидат објавени на 5 мај, по повод Денот на македонскиот јазик, на огласната табла и на веб-страницата на Институтот.

Претходна вестКапитенот на АЕК нашиот Тричковски, стана рекордер по број на настапи
Следна вестБитиќи: Просечната плата кај нас е 550 евра, земјите од каде најверојатно ќе доаѓаат работници имаат просечна плата 200 евра