Темно Режим Светло Режим

Интензивни градежни работи во Битола се подобрува инфраструктурата и јавните објекти

Во Битола во моментов се реализираат повеќе значајни градежни активности на различни локации со цел подобрување на инфраструктурата и јавните објекти во градот.

Меѓу главните проекти е изведбата на канализационата мрежа на улицата „Панде Кајзеро“ и водоводната мрежа во населбата СТУ3 – АРМ. Истовремено, се подготвува коловоз со тампонирање на улицата „11 Март“.

Во образовниот сектор се поставува енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“, а на спортски план се работи на реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ и на изградба на боксерска сала.

За најмладите граѓани се гради нова градинка во населбата АРМ, додека во сообраќајниот сектор е во тек изградбата на кружен тек кај „Ветеринарна“.

Дополнително, се изведува потпорен ѕид на улицата „Јорго Костовски“ за подобрување на безбедноста и стабилноста на теренот.

Овие активности се дел од континуираните напори за развој и модернизација на градот Битола.

Претходниот Пост
Улицата „Цветан Димов“ чекор поблиску до реализација како клучен проект за Чаир

ВЛЕН: Османи како претседател на ОБСЕ работеше во полза на Србија на штета на Косово

Следниот Пост

Поднесена кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага