Темен режим Режим на светлина

Инвестираме во образование и спорт за младите во Кисела Вода, кажа Ѓорѓиевски

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започна доградбата на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“. На површина од 500 м² ќе се изградат шест нови училници, по три на секој кат, со што ќе се обезбедат подобри услови за учениците и наставниците.

„Со оваа инвестиција, заедно со веќе започнатите доградби во училиштата „Кирил Пејчиновиќ“ и „Кузман Шапкарев“, го исполнуваме дадениот збор – едносменско работење во основните училишта на територијата на нашата општина“, рече Ѓорѓиевски.

Во рамки на развојните проекти, се гради и нова спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Припор, како и нова спортска сала „Кузман Јосифовски-Питу“. Градоначалникот потенцира дека создавањето современи услови за образование и спорт останува врвен приоритет.

Особено се нагласува дека во „Невена Георгиева-Дуња“ веќе се обезбедени целосно опремен кабинет по хемија и природни науки, модерна библиотека со читална и нов инвентар, со што учениците добиваат интерактивно и квалитетно образование.

Ѓорѓиевски упати благодарност до министерката за образование Весна Јаневска и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката која, како што посочи, е клучна за развојот на општините и за силна Македонија.

„Продолжуваме посветено да го унапредуваме образованието, затоа што влогот во најмладите е влог во иднината“, заклучи Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(Видео) Аеродромци и утрово на протест за загадувањето, им се придружи и градоначалникот Митески

Следна објава

Спринтери, маратонци и локални производители – новата енергетска формула на Европа