Член на иранското Собрание на експерти, кое треба да го избере новиот врховен водач, вели дека процесот „нема да биде долг”, пренесува агенцијата ИСНА.
Тој изјавил дека членовите на Собранието на експерти се заколнале дека при изборот на новиот водач, „личните преференции” кон поединци или политички и партиски фракции „нема да бидат фактор” и дека тие ќе гласаат врз основа на нивното расудување и во согласност со верските принципи.
Светските медиуми пренесуваа дека САД и Израел успеале при бомбардирањето да убијат неколку од потенцијалните наследници на загинатиот врховен водач.
Иран и се бори и се подготвува наскоро да избере нов врховен водач



