Темен режим Режим на светлина

Иранските државни медиуми објавија мапа и упатство за бродовите што пловат низ Ормутскиот теснец

Иранските државни медиуми објавија мапа и упатство за бродовите што пловат низ Ормутскиот теснец Иранските државни медиуми објавија мапа и упатство за бродовите што пловат низ Ормутскиот теснец

Бродовите што планираат да поминат низ Ормускиот теснец треба да користат алтернативни патишта за да „ги почитуваат принципите на поморската безбедност и да бидат заштитени од можен контакт со морски мини“, се вели во соопштението на Корпусот на иранската Исламска револуционерна гарда, кое го објавија иранските државни медиуми.

Во соопштението се наведени и алтернативни патишта, заедно со мапа што ги покажува. Бродовите што влегуваат од Оманското Море треба да пловат северно од островот Ларак, а потоа да продолжат кон Персискиот Залив.

Бродовите што пловат во спротивна насока треба да излезат од Персискиот Залив, да поминат јужно од островот Ларак и да продолжат кон Оманското Море.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Жалбите за Љупчо Палевски и останатите осудени за убиството на Вања Ѓорчевска, денеска на седница на Апелациониот суд

Жалбите за Љупчо Палевски и останатите осудени за убиството на Вања Ѓорчевска, денеска на седница на Апелациониот суд

Следна објава
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте смета дека некои членки потфрлиле со своите обврски во операциите на Блискиот Исток

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте смета дека некои членки потфрлиле со своите обврски во операциите на Блискиот Исток