Исчезна Самоил Костадиновски од Скопје, семејството се сомнева дека е киднапиран

Веќе неколку дена семејството го бара 26-годишното момче Самоил Костадиновски од Скопје. На Самоил, според сведочењата пред 4 дена му се губи трага кај Амбасадата на Чешка Република во Скопје.

Веста дека момчето е исчезнато ја потврди и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато, изјави Спасовски.

Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

Сопругата на Бошкоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат.

-Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката Амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен, изјави Бошкоска.

Таа додаде дека семејството сè уште не ја знае причината за неговото киднапирање и оти Самоил не зборувал дома дали има проблеми.

Претходна вестНад 960 илјади денари казна за компаниите кои не ја почитуваа замрзнатата цена на лебот
Следна вест„Мајстор“ добил кривична откако наплатил 55 илјади денари за кујна која никогаш не ја направил