Исчезната 37-годишна жена

Вчера во 9 часот во Одделението за внатрешни работи во Дебар, А.М.(38) од село Могорче пријави дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.М.(37), информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Тој додава дека се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатото лице. Жената немала здравствени проблеми, со себе имала телефон, но не се јавувала на повици.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски лажеше за бугаризацијата
Следна вестНационална комисија за учебници: Го одобривме учебникот по Историја откако тоа ни го предложија БРО и рецензентите