Искористете го сончевиот ден за прошетки, од вторник- заладување

Сончевото утро денеска најавува убаво време за прошетки и релаксација. Дува слабо ветре од западен и југозападен правец. Во Скопје се очекува максимална температура до 23 степени.
Причина повеќе да излезете од дома е и најавата на метеоролозите дека ваквото време ќе се задржи само до понеделник. Веќе во вторник ќе има услови за локален дожд со грмежи, а во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер што ќе биде причина за позначително намалување на дневната температура.