Искорнати дрвја, паднати бандери, оштетени кровови од куќи и поплавени домови во невремето во Неготино

Силно невреме го зафати Неготино попладнево. Веќе неколку граѓани пријавиле штети.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека 20-тина минути по 16.10 часот општина Неготино ја зафати силно невреме проследено со ветер и пороен дожд. По невремето на терен излегле пожарникарите градот кои интервенираат на најкритичните места погодени од невремето.

Има искорнати дрвја, паднати бандери, оштетени кровови од куќи и поплавени домови, велат од ЦУК.

Претходна вестМуареми се повлече од функцијата
Следна вест„Поетска ноќ во Велестово“ од 19 до 21 август во Охрид