Искршени летниковците покрај велешко езеро „Младост“

Од осум летниковци на првата локација на патеката, само еден е сочуван. Најчесто се скршени нивните кровови но и целосно уништени и на останатите локации долж велешко езеро „Младост“, а кое е сè поатрактивно за гостите од земјава, но и бројни странски посетители.

Граѓаните кои се чести посетители на велешко езеро „Младост“ апелираат до Општината и ЈКП „Дервен“ да ја засили чуварската служба за да ја чува урбаната опрема и летниковците, а несовесните да се казнуваат. Тие посочуваат дека во деновите на викенд и празник корпите за отпадоци треба почесто да се празнат и да се постават нови.

Од друга страна пак, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ апелираат до посетителите да не ги уништуваат летниковците, клупите, корпите за отпадоци, како и опремата поставена во рамките на проектот „Смарт езеро Младост“.

Инаку Општина Велес пред десетина години постави 60 летниковци на повеќе локации над велешко езеро. Тие се честа мета на поединечни вандалски посетители.

Претходна вестУставните судии ја аминуваа употребата на прислушуваните разговори како докази
Следна вестГрчката и македонската полиција разби меѓународна мрежа за трговија со дрога, запленети над 100 килограми кокаин