„Исплива“ правилникот на Маск за вработените во Твитер: Напуштете ги бесмислените состаноци

Нajбогатиот човек на светот откако претходно ги советуваше вработените на „Тесла“, тоа го направи и со вработените во „Твитер“. Целта на Маск е да ги поттикне своите вработени на брза работа и дисциплина.

Правилникот на Маск неодамна „исплива“ во јавност, а ова се неговите правила:

Намалете го интензитетот на состаноците

Според мислењето на Маск, состаноците се главна маана на големите компании и за истите да биде поефикасни, треба да се во помал број. Освен во итни случаи.

Напуштете ги бесмислените состаноци

Ако вработениот смета дека со ништо не придонесува за состанокот, треба да го напушти. „Не е непристојно да заминете. Непристојно е некого да терате да се задржува таму каде што губи време“, тврди Маск.

Комуницирајте јасно

За комуникацијата да биде поефикасна, таа треба да биде директна. Маск од своите вработени очекува да користат стручни зборови на работа, а не акроними.

Не смее да има хиерархиски ред во комуникациите

Илон Маск смета дека комуникацијата секогаш треба да оди по најкраток можен пат. Односно, тој смета дека дури и вработениот на најниска позиција има право да зборува со било кој менаџер во врска со својот проблем, а не исклучиво со менаџерот кој е на прво место над него.

Бидете разумни во размислувањето

На некои луѓе им треба повторување на навидум очигледната наредба. За Маск овој совет е многу важен, иако во некои ситуации можеби може да изгледа бесмислен.

Избегнувајте големи состаноци

Милијардерот тврди дека треба да се избегнуваат големи состаноци, освен во случај кога тие се кратки и носат битни сознанија за сите кои се присутни.

Претходна вестИ денешните дојави за бомби во училиштата и Народната банка лажни
Следна вестГрадот Скопје го повика МВР да интервенира против блокадата, Ленин Јовановски најави повлекување