Истепани полицајци и затвореници при претрес во Идризово, најдени дрога, над 60 ножеви и телефони

Десет полицајци и неколку затвореници се повредени при претрес во затворот „Идризово“. Во акцијата пронајдени се и одземени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога.

– Денеска (28.10.2023) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со ОЈО Скопје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во Казнено поправната установа Идризово, во полуотворено одделение, при што се пронајдени 63 мобилни телефони, 82 ножа, 4 шила, 71 полнач за телефони и дрога. При преземањето службени дејства, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, но биле совладани по преземени мерки и активности. При тоа, со повреди се здобиле 10 полициски службеници, а со повреди се здобиле и дел од затворениците, соопштуваат од МВР.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Претходна вестСообраќајка во скопски Аеродром, на пешачки паднат велосипед и оставена празна количка за бебе
Следна вестНаучници: Инженерските бактерии можат да го намалат крвниот притисок