На Меѓународниот аеродром Скопје денеска ќе биде испратен три милионитиот патник за годинава.
Среќниот патник ќе пристигне со летот Скопје – Бари, најави операторот на аеродромите, ТАВ Македонија.
По повод оваа значајна бројка, прес-конференција ќе одржат заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.
Овој момент ја означува успешната година за Меѓународниот аеродром Скопје и растот на бројот на патници што ја користат услугата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



