Истрага за насилник кој со пиштол заплашувал семејство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека ги сторило кривичните дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 и Насилство од член 386 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 36-годишник, на 2 август, на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, заедно со уште едно засега непознато лице, ја загрозил сигурноста на двајца сопружници и предизвикал чувство на загрозување и страв кај други присутни лица.

Додека сопружниците и нивните две малолетни деца со автомобил „Тојота“ се движеле по булеварот, оштетениот и другото лице претрчале пред нив. Осомничениот се доближил до возилото на оштетениот, ја отворил возачката врата, започнал вербално да се расправа, држејќи во раката пиштол марка „ТАНФОГЛУ“ во кој имало рамка со 10 куршуми и за кои немал дозвола да ги поседува. Потоа започнал со клоци и тупаници да удира во задниот дел од возилото каде што седеле децата.

Кратко потоа полицијата го лишила од слобода и му го одзела оружјето.

-Oсомничениот претходно бил веќе осудуван за кривични дела, од кои еднаш за обид за убиство, соопшти OJO.​

Претходна вестГрадот Скопје: Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“
Следна вестСончево и ветровито, температури до 37 степени