Темен режим Режим на светлина

Истренирајте ги нервите ако патувате од утре кон земји од ЕУ, стартува новиот ЕЕС систем

ЕЕС системот за влез во ЕУ за македонските граѓани почнува од петок ЕЕС системот за влез во ЕУ за македонските граѓани почнува од петок

Целосната имплементација на ЕЕС системот за влез во ЕУ, со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ, стартува од вечерва на полноќ.

Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Воедно МВР известува дека од страна на Граничната полиција на нашата држава се преземени сите потребни мерки и активности, односно ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.

„Граничната полиција ќе постапува со засилена ангажираност на терен, континуирано ќе ја следи состојбата, ќе презема соодветни мерки за одржување на проточноста на сообраќајот и ќе ги информира граѓаните за сите важни информации поврзани со примената на системот“, додаваат од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Зеленски: Вашингтон ги игнорира информациите дека Москва му помага на Техеран

Зеленски: Вашингтон ги игнорира информациите дека Москва му помага на Техеран

Следна објава
Внимателно по патиштата за Велигден , празникот треба да се помине во радост, а не во црна хроника!

Внимателно по патиштата за Велигден , празникот треба да се помине во радост, а не во црна хроника!