Истурен амонијак од товарен воз затру 15 лица кај Пирот

Вкупно 15 лица, од кои три деца, се хоспитализирани во УКЦ Ниш по излевањето амонијак кај Пирот од возната композиција натоварена во Бугарија. Сите пациенти се со стабилни витални параметри и не се во животна опасност. Инцидентот се случил откако од превртен вагон истече амонијак во близина на селото Станичење, кај Пирот.

Товарниот воз со амонијак бил натоварен во Бугарија, изјави за БТВ бугарскиот заменик-министер за транспорт, Красимир Папукчиски. То рекол дека оти возот со 20 вагони бил натоварен со амонијак на територијата на Бугарија во градот Девња на истокот од земјата.

Во Пирот на сила е вонредна состојба откако од превртен вагон истече амонијак. Полицијата апелира сите луѓе што живеат во близина на пругата каде што истекол амонијакот да не ги напуштаат своите домови и да не излегуваат надвор.

Од Министерството за заштита на животната средина на Србија соопштија дека ја следат состојбата на терен, а мерењата на моменталните загадувачки материи како и мониторингот ги вршат Институтот за металургија од Бор и Агенцијата за заштита на животната средина.

-Инспекторатот за заштита на животната средина е на штрек и во соработка со сите надлежни органи и институции, јавноста ќе биде информирана за сите наоди од истрагата и за следните чекори со цел да се минимизираат последиците по животната средина, се вели во соопштението, пренесува РТС.

Според бугарскиот заменик-министер за транспорт, Красимир Папукчиски возот ја поминал граничната контрола и не беа констатирани никакви прекршувања.

– Составот е со приватни француски и германски системи, кои ги ангажирал испраќачот. Според тоа, тие биле транспортирани од бугарски приватен железнички превозник до територијата на Република Србија, рече тој.

Претходна вест148 казнети возачи, 60 возеле пијани…
Следна вестВозеле и 70 километри на час над дозволеното, казнети 383 возачи