Италија: Зелен пасош задолжителен за сите вработени

Од денес во Италија зелениот пасош е задолжителен за сите вработени. Обврската за зелен пасош е во сила до 31 декември, кога престанува вонредната состојба.

Досега зелениот пасош беше задолжителен само за работни места во затворено, како и во училиштата и за патување, а од денес важи за сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за оние што работат од дома. Предвидени се казни од 500 до 1.500 евра доколку вработените дојдат на работа без тој документ. Во случај некој од вработените да не дојде на работа бидејќи нема зелен пасош, ќе се смета за неоправдано отсуство, а вработениот ќе остане без плата иако не се предвидени дисциплински мерки и лицето не може да биде отпуштено.

Инаку, според податоците за периодот од 16 септември до 13 октомври, со воведувањето на зелениот пасош бројот на дадени први дози на вакцина се зголеми 46 проценти. Бројот на тестови исто така се зголеми на речиси 300.000 дневно. За да добијат зелен пасош, Италијанците мора да се вакцинирани со барем една доза вакцина и да примат потоа и втора доза или да го прележале коронавирусот во последните шест месеци.