Поради докази дека вицепремиерот Артан Груби ги користел службените простории на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците за партиски цели, Државната комисија за спречување на корупција најви дека ќе упати укажување до Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска.
Како што информираше на денешната 86-та седница претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, до нив се доставени докази и информации, дека вицепремиерот Артан Груби, службените простории на министерството често пати ги употребува за одржување на состаноци за партиски цели.
– Фотографи и линкови од фејсбук профилот на политичката партија ДУИ, од кои е видно дека во министерството се одржани средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство, рече Ивановска.
Првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби денеска одговори дека не гледа дека има одговорност и проблем во фактот што во неговиот кабинет, партиски состаноци држи и лидерот на ДУИ Али Ахмети, но додаде дека ако е тоа проблем нема да се повтори.
-Изгледа дека се жалат затоа што не ги добија просториите. Господинот Ахмети е пратеник и тој има средби со премиерот, со други пратеници. Јас не гледам проблем во тоа што имал и средби во мојот кабинет, но ако тоа е проблем, како што велите, тогаш нема да се повтори – рече Груби.