Ивановска: Синот на Талат Џафери на чуден начин дошол до право да полага правосуден испит, но не можеме да го докажеме тоа

Нечувањето на документацијата од страна на Министерството за правда е причина што државната Антикорупциска комисија не може да отвори случај за синот на собранискиот претседател Талат Џафери. ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит на чуден начин.

-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна денеска Билјана Ивановска.

Согласно информациите од Академијата истакнале дека кандидатот поднел пријава по која ги приложил сите документи од јавниот оглас. Членовите на ДКСК беа согласни дека одговорноста е кај Универзитетите и тој што ги прима документите, но дека моментално можат единствено да предложат елктронско чување на документите во Министерството и проверка од инспекторите, бидејќи ризици од вакви злоупотреби се уште постојат.

-Министерот зошто ги става токму овие документи за една година да се поништат, немаме од кого да земеме одговороност, одговорност од лица кои веќе не се одговорни не можеме да бараме, но факт е дека нас не интересира сегашната состојба бидејќи сега имаме закон за рамката тогаш немало, појасни Ивановска.

Таа рече дека најдобра опција е да се предложи електронско досие.

Претходна вестПоздрав од Скопје: Нова разгледница – испраќајте ја
Следна вестГевгелиската градинка демантира дека се случило насилство врз десетмесечно бебе