Ивановски загуби на стартот на турнирот во Трнава

Најдобриот македонски Тенисер Калин Ивановски беше поразен од Павел Неједли со 1-2 во сетови (7-5, 4-6 и 3-6) на турнирот во Трнава, Словачка.

Ивановски водеше голема битка против Неједли и го доби првиот сет со 7-5, но сепак Чехот во следните два успеа да направи пресврт и по два часа и 44 минути го доби дуелот.

Македонскиот тенисер минатата недела се закити со третата титула во кариерата, откако триумфираше во Мадрид.

Претходна вестПриведени две лица од Делчево поради „перење пари“
Следна вестТежок судир вечерва го затвори автопатот Скопје -Тетово