Ивановски запрен во четвртфиналето во Мадрид

Најголемата македонска тениска надеж, Калин Ивановски доживеа пораз во четвртфиналето на фјучерсот во Мадрид.

Ивановски како втор фаворит на турнирот се соочи со шестиот носител Давид Жорда Санчис, играч кој се покажа како преголема пречка во денешниот меч. Најголема болка за македонскиот рекет беа брејк шансите, тој искористи само 3 од 11 (27 проценти), додека неговиот противник 6 од 12 што се покажа како пресудно во конечниот резултат кој гласеше 2-0 во сетови  7-5 и 6-2.

На Калин сега му останува настапот во двојки каде партнер му е Обрад Марковски. Победа над Сидане Понтјодикромо и Дакс Дондерс ги носи во финалето на турнирот кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.
Претходна вестМалиот Македон доби признание од Пендаровски
Следна вестАнглија и САД одиграа без голови