Избегнувајќи проверка на билет – му скршил рака на контролор на ЈСП

Нападнат контролор на ЈСП во автобус. Имено, триесет и двегодишен патник повредил контролор во автобус на ЈСП и се обидел да се избега од автобусот затоа што немал билет. Инцидентот се случил вчера на автобуска постојка на булеварот Партизански oдреди.
При излегување од автобус на ЈСП, М.Џ.(32) од Скопје, обидувајќи се да избегне контрола на билетот, го турнал В.С. (43) од Скопје, контролор во ЈСП, кој добил тешка телесна повреда, соопштуваат од МВР.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8 Септември“. Според првичните информации, на контролорот му била скршена раката, а имал и повреди на главата.
Напаѓашот М.Џ. бил повикан во Полициската станица Карпош.