Избори во Турција: Ердоган или Киличдароглу?

Во Турција денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори на кои гласањето започна во 8 часот и ќе трае до 17 часот по локално време. Право на глас имаат повеќе од 64,1 милиони граѓани кои своето право на глас ќе го остварат во Турција и во странство.

Граѓаните ќе бираат меѓу актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган, главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу, на кого предизборните анкети му даваат мала предност и Синан Оган. Мухарем Инџе, уште еден претседателски кандидат, се повлече од трката во четвртокот.

За да се обезбеди победата уште денеска, еден кандидат мора да освои повеќе од 50 отсто гласови. Во спротивно, ќе има втор круг за две недели.

Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

Гласачките места ќе бидат отворени до 16 часот по македонско време, иако 1,76 милиони турски државјани веќе гласаа во Германија, Франција и други земји, што претставува рекордна излезност од 53%. Според турските закони, какво било објавување резултати е забрането до 21 часот по локално време.

Во последните часови од изборната кампања, Киличдароглу положи цвеќе во мавзолејот на основачот на модерната турска држава Кемал Ататурк, додека Ердоган ја предводеше вечерната молитва во џамијата Аја Софија во Истанбул, а потоа објави видео во кое кажа дека муслиманскиот свет будно ги следи настаните во Турција.

Третиот кандидат на претседателските избори е ултранационалистот Синан Огун.

Денеска се избираат и 600 пратеници во парламентот, иако тој изгуби голем дел од својата моќ откако Ердоган стана извршен претседател во 2018. За гласовите на избирачите ќе се борат вкупно 24 политички партии и 151 независен кандидат.

Претходна вестЈавно обвинителство: Со багер ја урнале оградата, сакале самоволно да прават паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“
Следна вестЗа две години населението на ЕУ се намалило за околу 600.000 луѓе