Изборни ветувања со ограничен рок: Мерните станици не проработеа, а се расипа и таа во Карпош

Завршија изборите, ветените работи се заборавија. Па така вчера депонијата кај Шутка гореше можеби најмногу до сега, а во обидот да се види каква е состојбата со загаденоста на воздухот во Карпош, граѓани останаа зачудени оти мерната станица на министерството за животна средина во Карпош- не работи. Никој не излезе да објасни за депонијата, а ниту за мерната станица што „им се приклучи“ на другите расипани, што по низа ветувања никако да проработат.
Состојбата, е со месеци непроменета, односно, станиците се уште стојат непоправени. А требаше да се завршена приказна на почетокот на 2019 година. Така најави заменик министерот за животна средина Јани Макрадули уште лани, кога вети набавка на нови мерни инструменти. Со тоа комплетно нови делови треба да добијат постоечките 18 мерни станици. Ама веќе е речиси јуни, на дело нема ништо.
На почетокот на април Макрадули најави дека земјава наскоро ќе може да прогнозира какво ќе биде аерозагадувањето за 5 дена однапред, ама без салам мерни станици тешко е дека и дневното ќе го знаеме.
Во меѓувреме Словенија е лидер во Европа по рециклирање на отпадот, пример од кој сите можат да „купат“ искуства. Купува ли Македонија? Зошто Словенија може а ние не? До кога дивите депонии како таа кај Шутка, ќе бидат повод за револт на социјалните мрежи? Толку ли е тешко еднаш за секогаш да се закопаат?
До сега прашањата не добиваа одговори, но и проблемите не добија решенија. До кога?