Избрани новите заменици-министри

Тирон Јајага е заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ е заменик-министерка за правда, Вјолца Бериша за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за здравство и Агим Нухиу е новиот заменик-министер за образование и наука.

Собранието попланево едногласно ги избра замениците на министрите во рамки на седницата за реконструкција на Владата која траеше три недели.

Министрите кои станаа дел од реконструираната Влада беа избрани во понеделникот.

Претходна вестМалолетничка избегала од дома
Следна вестСловенија и Хрватска меѓу петте европски земји со најдобри услови за живот