Изет Меџити: За граѓаните на Чаир, изборите се референдум за квалитетот на живот!

14

Инсистирањето на теми од високата политика во една локална кампања е честопати стратегија да се прикрие недостатокот на конкретни решенија за локалните проблеми. Граѓаните на Чаир се политички зрели и знаат дека нивните права се загарантирани со Уставот и законите. На ДУИ му недостасуваат имагинарни судири, му недостасуваат договорени конфликти со некои претходни влади и премиери. Тоа е единствената политика формула како ДУИ опстануваше на власт. Ние покажавме дека во политиката може и да се работи, да се создава и да се гради, вели во интервју за „Фокус“ кандидатот за градоначалник на Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити.

По несогласувањата и разликите со раководството на ДУИ, Изет Меџити одлучи да формира нова партија и стана еден од фронтмените на коалицијата ВЛЕН, која по ланските парламентарни избори стана дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на оваа Влада, Меџити стана вицепремиер и министер за животна средина, но на претстојните локални избори одлучи да се кандидира за градоначалник на Чаир – функција што своевремено ја извршуваше неколку мандати. Во интервју за „Фокус“, тој говори што го мотивирало повторно да се натпреварува за градоначалничка позиција и какви решенија нуди, каков изборен исход очекува во Чаир и на изборите генерално, какви постизборни разврски се можни…?

Разговараше: Влатко СТОЈАНОВСКИ

ФОКУС: Зошто одлучивте повторно да се кандидирате за градоначалник на Чаир, откако по 3 последователни мандати од 2005 до 2017 година преминавте во законодавната власт како пратеник, а потоа станавте дел и од извршната власт како вицепремиер и министер за екологија? Зошто одлучивте дека по само година и пол треба да ја напуштите Владата и повторно да влезете во трка за градоначалник на Чаир, откако во 2 мандати оваа функција ја вршеше вашиот близок соработник Ганиу?

МЕЏИТИ: Мојата одлука да се кандидирам за градоначалник на Чаир не е чекор назад, туку чекор напред, кон граѓаните. Искуството што го стекнав како пратеник и како прв вицепремиер во Владата ми даде поширока слика и ми овозможи да обезбедам значајни проекти на централно ниво. Општина Чаир секогаш беше дом на моето политичко дејствување, но делувањето како дел од Владата ми помогна да обезбедам огромни средства за таа општина, како и за сите други.

Целото интервју на Фокус.мк

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вест(Видео) Директно со Александар Георгиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден
Следна вестЃорѓиевски најавува кружен тек и модерни улици за подобар сообраќај во Ѓорче Петров