Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, пожарот што вчера избувна во стара куќа лоцирана на улица Самоилова, во непосредна близина на црквата „Свети Спас” во Старата скопска чаршија, брзо бил ставен под контрола и немало опасност од негово проширување на соседните објекти.
Ова го известија од Центарот за управување со кризи.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната, а екипи на МВР вршат увид на местото на настанот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



