Изгледа оглуве „алармот“ на одговорните во домовите каде се згрижени деца

Тројца штитеници од домовите за згрижување на деца успеале да им избегаат на едукаторите, односно старателите, а пред се на чуварите, за само неколку дена.
Имено, на 25.06.2019 година, некаде десеттина минути пред 11 часот во полициската станица Карпош, вработен во Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје пријавил дека од установата се оддалечила нивната штитеничка – седумнаесетгодишната С.К.. Таа неколку пати се оддалечувала и била враќана во установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, но прашањето е зошто ако се знае дека станува збор за проблематичен штитеник, „алармот“ на одговорните не е вклучен на најсилно?
Но не е само таа, дури двајца успеале да побегнат од домот „25 мај“, пред само неколку дена.
-На 24.06.2019 година во Полициската станица Гази Баба, социјален работник во домот „25 Мај“ пријавил дека од установата се оддалечил штитеникот М.А.(19), кој повеќе пати досега самоволно ја напуштал установата и бил враќан од полицијата, велат од МВР.
Само два дена претходно во полициската во Гази Баба, од Домот пријавиле дека од установата се оддалечил штитеникот К.Д.(14) од Кавадарци, кој повеќе пати досега ја напуштал установата и бил враќан од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата. Но кој ќе објасни зошто ова се случува толку фрекфентно и без одговорност?