Патнички автобус целосно изгоре денеска на автопатот Скопје – Свети Николе кај селото Алакинци. Во пожарот нема повредени лица.
Според сознанијата, возачот на автобусот веднаш ги напуштил возилото (немало патници) по избувнувањето на огнот кој се ширел мошне брзо. Очевидци зборуваат дека пожарот се случил околу 13.10 часот, а огнот прво се појавил во моторот на автобусот
Први на лице место стасале светиниколските пожарникари кои со две возила го изгаснале огнот кој сега е под контрола. Зафатена била и мала површина од сува трева и нискостеблеста шума покрај патот.