Изгоре куќа во скопската населба Гази Баба

Вчера вечер се запали куќа во населеното место Гоце Делчев во скопската општина Гази Баба. Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи.

Семејството Марковски кое остана без својот дом преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.

– За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува, стои во објавата на Фејсбук.

Претходна вестАнтикорупционерите го демантираат Османи: Има извештај за злоупотреба на возилата на МНР
Следна вестПендаровски: Милков да прошета до Ваташа каде е извршен масакарот на 12 млади лица во 1943 година